ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ НА „АЛКАЛОИД“ СЕ ИСТИТЕ КАКО НА 1 ФЕВРУАРИ И НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ, СООПШТИ КОМПАНИЈАТА  

    ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ НА „АЛКАЛОИД“ СЕ ИСТИТЕ КАКО НА 1 ФЕВРУАРИ И НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ, СООПШТИ КОМПАНИЈАТА  Направивме реорганизација на сите процеси со цел да ги задоволиме барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и останати средства со антибактериско дејство“, велат од компанијата - директорот Живко Мукаетов во произвоствените погони на „Алкалоид“ - (Фото: СДК.МК)

    Излезните цени на производите на „Алкалоид АД Скопје, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти, соопшти најголемата фамацевтска компанија во земјата откако се забележани случаи во малопродажба цените на овие продукти да се зголемени поради состојбата со коронавирусот.

    Компанијата одлучи да не ги зголеми цените на ниту еден производ од било кој сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини и логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочува, велат од „Алкалоид“.

    Во соопштението дистрибуирано попладнево се вели дека компанијата работи со максимална искористеност на своите производни капацитети и човечки ресурси.

    “Направивме реорганизација на сите процеси со цел да ги задоволиме барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и останати средства со антибактериско дејство“, велат од компанијата. Тие предупредуваат дека „заради големата побарувачка на дел од тие производи и предизвиците со кои се соочуваме при набавка и транспорт на суровини и амбалажа од увоз, можно е да се јави застој во некој сегмент, но во никој случај нема да се дозволи прекин во снабдувањето на било кој од споменатите производи’.

    Компанијата и покрај отсуство на преку 150 вработени кои се ослободени од работа заради тоа што припаѓаат на ризичните групи, приоритет во снабдувањето со средства за дезинфекција и хигиена даде на болниците, здравствените домови и институциите кои функционираат во кризни услови.

    Тоа може да предизвика извесно доцнење на доставата до веледрогериите (аптеките) и дистрибутерите (ланците маркети) првенствено заради неумерените набавки од страна на домаќинствата, но од „Алкалоид“ очекуваат дека наскоро и тоа ќе се стабилизира.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира