По последниот земјотрес во 19.53 часот со јачина од 4 степени во Скопје, делови од Центар останаа без струја. Граѓаните повторно излегоа на улица по земјотресот, но овојпат брзо се враќаат во своите домови.
Вчера, исто така, снема струја во неколку скопски населби. Oд ЕВН информираа дека прекинот на електрична енергија се случил бидејќи се вклучил системот за автоматска заштита.
„Добро е што се вклучува системот, бидејќи тоа е заштита од пожари. Двојно сме екипирани, излезени се на терен екипите и одат зграда по зграда да ја вклучуваат струјата, таму кадешто немаме трансформатори на далечинско управување“, вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.