ЦЕНТАРОТ ЗА ДАУНОВ СИНДРОМ ЌЕ ДОБИЕ АУДИО ОПРЕМА ОД ВЧЕРАШНАТА ХУМАНИТАРНА ТРКА

    ЦЕНТАРОТ ЗА ДАУНОВ СИНДРОМ ЌЕ ДОБИЕ АУДИО ОПРЕМА ОД ВЧЕРАШНАТА ХУМАНИТАРНА ТРКАНа хуманитарната трка, на која учествуваа стотина граѓани, собрани околу 30.000 денари. (Фото: Фејсбук)

    Средствата од хуманитарната трка за лицата со Даунов синдром што вчера се одржа во Градскиот парк во Скопје, ќе се употребат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за даунов синдром, кој наскоро треба да биде отворен.

    Билјана Кузмановска, тренер по мечување во мечувалскиот клуб Ескрим, кој е организатор на хуманитарната трка, вели дека од котизацијата за учество во трката, која изнесуваше 200 денари од натпреварувач, собрале вкупно 29.500 денари.

    „Одлучивме парите да го намениме за набавка на аудио опрема за новиот дневен центар, кој наскоро ќе биде отворен. Оваа трка се одржува трета година по ред, а ја организираме по повод 21 март – Меѓународниот ден на лица со даунов синдром. Во нашиот клуб тренираат неколку дечиња со Даунов синдром, и пред три години решивме да организираме трка“, вели Кузмановска.

    Таа објаснува дека на трката имало стотина учесници, иако очекувале повеќе, но веројатно лошото време влијаело на масовноста.

    Дневниот центар за лица со Даунов синдром ќе се отвора во близина на Соборниот храм, со помош на Министерството за труд и социјална политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира