ЦРКВАТА НЕ Е КОРПОРАЦИЈА ЈУДО, ПАРОЛИ ПРОТИВ ВЛАДИКАТА ПЕТАР НА ВРАТАТА ОД МИТРОПОЛИЈАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЦРКВАТА НЕ Е КОРПОРАЦИЈА ЈУДО, ПАРОЛИ ПРОТИВ ВЛАДИКАТА ПЕТАР НА ВРАТАТА ОД МИТРОПОЛИЈАТА

    Транспаренти со навредлива содржина упатена на адреса на Преспанско-пелагонискиот владика Петар синоќа биле прикачени на вратата од Митропилијата во Битола. 

    Tранспарентите беа поставени анонимно, без потпис кој ги напишал. На едниот од транспарентите пишуваше “Владико ти не го заслужуваш Христовиот дом, епархијата, црквите”.  Вториот  транспарент беше со напис “Црквата не е бизнис корупција во која ти си џенерал менаџер, Јудооо.”

    Владиката Петар вели дека не ги видел транспарентите и додава дека сите луѓе што анонимно сакаат да нанесат штета некому, најверојатно се нечесни, во спротивно тоа би го направиле откривајќи го својот идентитет.

    “Се молам за непријателите свои да ги вразуми Господ и да тргнат по вистинскиот пат“ рече митрополитот Петар.
    Засега нема информации кој ги истакнал навредливите транспаренти за владиката. Завчера Здружението на македонски заедници на прес конференција побара владиката Петар итно да се повлече од епархијата во Австралија. Од заедницата рекоа дека владиката најавил ставање на црквите во Австралија под нова корпорација иако претходно тврдел дека тоа не е канонски. 
    Владиката Петар за дел од медиумите на ваквите обвинувања одговори дека неговиот предлог не е со бизнис интерес зашто иако регистрацијата ќе биде на корпорација, имотите остануваат во сопственост на МПЦ-ОА. 

    Веќе 20 години траат судските процеси за црковниот имот во Австралија меѓу владиката и црковните општини и досега по австралиските судови се потрошени околу милион  австралиски долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира