ТУКА СМЕ, ПОСТОИМЕ, НИ ТРЕБА ЗАШТИТА – МАРШ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТУКА СМЕ, ПОСТОИМЕ, НИ ТРЕБА ЗАШТИТА – МАРШ НА СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ВО СКОПЈЕ

    Поцрвене платото пред спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје, зборно место за маршот на сексуалните работници. Со црвени чадори, симбол на сексуалната работа тука се собраа сексуални работници, стриптизети и стриптизери, хот лајн операторки, ескорт девојки и момци, корисници на нивните услуги, активисти за човекови права и нивни поддржувачи за да го одбележат Меѓународниот ден за стоп на насилство врз сексуалните работници.

    Ова е деветти по ред марш на македонските секеуални работници, а годинашното мото е „Слободниот избор е право, а не привилегија“.

    Маршот е начин да покажат дека се под постојана закана како резултат на општествената негативна перцепција, а тоа, води кон зголемување на насилството врз сексуалните работнички - платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза и неизградената црква Свети Константин и Јелена (Фото: Ѓ. Личовски)

    Маршот е начин да покажат дека се под постојана закана како резултат на општествената негативна перцепција, а тоа, води кон зголемување на насилството врз сексуалните работнички – платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза и неизградената црква Свети Константин и Јелена (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Би сакале да ја подигнеме јавната свест за постоењето голем број сексуални работници во Македонија и да ја потенцираме застрашувачката состојба за безбедноста и супстандардните услови во кои што тие живеат и работат. Сексуалните работници остануваат меѓу најмаргинализираните членови на општеството. Креаторите на политики и властите повеќе ги сметаат за непријатна појава што треба да се искорени или за неморални прекршители на законот, отколку за индивидуи кои треба да бидат заштитени од насилство и кои треба да добиваат социјална и економска помош и поддршка“, велат организаторите на маршот, Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје.
    Маршот за нив, велат дека е начин да покажат дека се под постојана закана како резултат на општествената негативна перцепција, а тоа, според нив, води кон зголемување на насилството врз нив.

    „Сексуалните работници, обесхрабрени да ги пријават делата од омраза извршени врз нив остануваат жртви на системот, а сторителите на кривичните дела врз нив продолжуваат да ја уживаат слободата која им ја пружа системот“, велат од „Стар стар“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира