ТВИТЕРЏИИТЕ РАЗБРАЛЕ ДЕКА КАЛИОПИ ПЕЕЛА ЗА ЌЕБАПИ

    ТВИТЕРЏИИТЕ РАЗБРАЛЕ ДЕКА КАЛИОПИ ПЕЕЛА ЗА ЌЕБАПИ

    Песната „Дона“ на македонската претставничка на Евросон Калиопи не се пласираше помеѓу финалистите во втората полуфинална вечер на Евросонг што оваа година се одржува во Стокхолм, Шведска.

    Калиопи пееше на македонски јазик, па нејзината изведбата на полуфиналната вечер од изборот за песна на Евровизија наиде на смешни забелешки во твитер заедницата.

    Дел од англиската твитер заедница правеше мајтап, прашувајќи дали Калиoпи пее за турскиот специјалитет – донер.

    Еве дел од твитовите за Калиопи.

    Можеби грешам, но Македонката пее за смртоносен донер кебаб што го јадела.

    „Каков кебаб сакаш злато?“

    „ДОНЕР ДОНЕР ДОНЕР ДОНЕР“

    Донер донер донер донер кебаб и една лименка кока кола ве молам.

    „Донер, донер, донер, донер, донер“. Предолг трибјут за кебаб.

    Ова е најемотивната песна за нарачување на донер кебаб.

    „Донер донер донер донер, јас сум гладен! А кебаб звучи вкусно“.

    Некако сакам да гласам за Донер Донер Донер Донер Донер Донер Донер кебаб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира