УАПСЕН ВАСЕ ДОНЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ ВО ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ, ЗА ПРОНЕВЕРА НА 11 МИЛИОНИ ЕВРА

    УАПСЕН ВАСЕ ДОНЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ ВО ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ, ЗА ПРОНЕВЕРА НА 11 МИЛИОНИ ЕВРАДоневски засега останува во полициска станица и засега не е познато дали обвинителството ќе бара мерки против него. - Васе Доневски (Фото: МИА)

    Поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи Васе Доневски е уапсен попладнево од МВР, по барање на Финансиската полиција. Доневски е на распит во полициска станица.

    Според првичните информации од истрагата, се работи за нелегални договори што ги склучувал Доневски со сопственикот на „Секјуриком“ од Австрија, со кои буџетот го оштетил за 11 милиони евра. Неофицијално, станува збор за тендер од 2016 година. Доневски засега останува во полициска станица. Не е познато дали обвинителството ќе бара мерки против него.

    Договорите Доневски ги потпишувал за потребите на Владата. „Секјуриком“ беше долгогодишен партнер, добавувач на Владата и министерствата на ВМРО-ДПМНЕ, за сите услуги, од чистење и одржување хигиена, преку обезбедување, до тековно одржување на објектите на Владата.

    Службата за општи и заеднички работи, додека директор беше Васе Доневски, водеше дел од проектите од Скопје 2014, односно под нејзината надлежност беа тендерите за изградбата на зградите на Министерството за надворешни работи, Јавното обвинителство, Археолошкиот музеј, на Факултетот за драмски уметности на Плоштадот Богородица, реновирањето во барок на зградата на Владата, како и подземните гаражи на Уставниот суд и Македонската опера и балет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира