УАПСЕН ВРАБОТЕН ВО КАБИНЕТОТ НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

    УАПСЕН ВРАБОТЕН ВО КАБИНЕТОТ НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИСоработникот на Спасовски е приведен под сомнение за кривичното дело Злоупотреба службаната положба и овластувања. - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (Фото: СДК.МК)

    Висок полициски функционер попладнево бил приведен под сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Станува збор за Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    „По налог на ОЈО, денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ Злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти МВР, без да открива детали за делото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира