Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека се уапсени седуммина македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.
Станува збор за С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е. О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според член 322а и 394а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016).
Апсењата се направени во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, велат од МВР.