УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМААТ СКРАТЕНИ ЧАСОВИ УШТЕ ТРИ ДЕНА ДО КРАЈ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМААТ СКРАТЕНИ ЧАСОВИ УШТЕ ТРИ ДЕНА ДО КРАЈ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕЗа првпат од оваа година, основците ќе учат до 17 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Основните училишта да работат со скратени наставни часови до 17 јуни поради високите температури кои ја зафатија земјава, препорачува Министерството за образование и наука (МОН).

    За првпат од оваа година, основците ќе учат до 17 јуни. Наставата за средношколците заврши на 10 јуни.

    Согласни препораките за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, МОН апелира:

    • Основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува.
    • Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат.
    • Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода.
    • Да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира