УЈП ГИ ПРОДОЛЖИ РОКОВИТЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ И ИЗВЕШТАИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УЈП ГИ ПРОДОЛЖИ РОКОВИТЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ И ИЗВЕШТАИ

    Управата за јавни приходи го продолжи за пет работни дена роковите за поднесување годишните даночни извештаи и ДДВ-04 пријавата, поради, како што велат, масовното и отежнато поднесување даночни пријави и извештаи.

    „Согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека роковите за поднесување на ДДВ-04 пријавата и Годишните даночни извештаи се продолжуваат“, соопшти УЈП.

    УЈП информира дека крајниот рок за поднесувањето на ДДВ-04 пријавата, кој истече вчера, се продолжува до 1 февруари, додека краен рок за годишните извештаи (обрасци ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ) ќе се смета 7 февруари, место 31 јануари.

    Изминатите неколку дена, сметководителите се жалеа дека системот на УЈП не функционира и не можат навреме да ги поднесат даночните извештаи и пријави.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира