УКИНАТ КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ПРАТЕНИКОТ ВАСИЛЕВСКИ, МОЖЕ ДА ОДИ НА СЕДНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО ЧИИ ШТО ВРАТИ ГИ ОТВОРИ НА 27 АПРИЛ

    УКИНАТ КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ПРАТЕНИКОТ ВАСИЛЕВСКИ, МОЖЕ ДА ОДИ НА СЕДНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО ЧИИ ШТО ВРАТИ ГИ ОТВОРИ НА 27 АПРИЛ11-мина од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се во притвор во Шутка, a 12-мина се во куќен притвор, без Василевски. - Сашо Василевски на судењето за 27 април (Фото: СДК.МК)

    Од денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, еден од 33-цата обвинети за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, може да присуствува на собраниските седници, кога нема да има судски рочишта.

    По серија барања, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одлучи да му ја укине мерката куќен притвор на Василевски, кој ги отвори собраниските врати на 27 април лани, со парична гаранција. Обвинителството за организиран криминал, дознаваме, нема да ја обжали одлуката.

    Пред Апелација се жалбите на другиот обвинет за отворање на собраниските врати за да влезат напаѓачите, Крсто Мукоски и колегата пратеник сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ Љубен Арнаудов, кои исто така бараат укинување на мерката куќен притвор. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски и од Социјалистичка партија Љупчо Димовски, одамна се ослободени од мерката куќен притвор. 11-мина од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се во притвор во Шутка, a 12-мина се во куќен притвор, без Василевски.

    Сведочењето на загрозениот сведок „С 1“ треба дури сега да започне во Кривичниот суд, бидејќи имаше пауза поради технички проблем во судницата во новата судска зграда. Сега сите 33-ца обвинети и уште двапати по толку адвокати, се во судницата во старата зграда на Кривичниот суд. Јавноста е исклучена.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира