УКРАИНА ДА НЕ ГО ПРЕСКОКНЕ РЕДОТ, ПРИОРИТЕТ НА ЕУ ТРЕБА ДА БИДЕ РЕШАВАЊЕТО НА ПРАШАЊЕТО МЕЃУ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИЦОТАКИС

    УКРАИНА ДА НЕ ГО ПРЕСКОКНЕ РЕДОТ, ПРИОРИТЕТ НА ЕУ ТРЕБА ДА БИДЕ РЕШАВАЊЕТО НА ПРАШАЊЕТО МЕЃУ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИЦОТАКИС„Не смееме да го заборавиме Западен Балкан“, вели Мицотакис. (Фото: Фејсбук)

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека треба да се запази редот кога се во прашање евроинтеграциите, зборувајќи за идното членство на Украина во Европска унија, на состанокот на лидерите на сестринските партии од Европската народна партија во Ротердам.

    Според Мицотакис, мора да се препознае уникатноста на она што се случува во Украина, но без да се заборави фактот дека има и други земји во овој процес, додавајќи дека прв приоритет треба да биде решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија за да започнат преговорите со ЕУ, јави дописничката на државната агенција МИА од Атина.

    „Не смееме да го заборавиме Западен Балкан. Ова е тема што длабоко не допира. Треба да бидеме сигурни дека нема да испратиме сигнал дека редот е попречен. И првиот приоритет што го имаме во овој поглед е да обезбедиме решение на отвореното прашање меѓу Бугарија и Македонија, за да можеме, како Европска Унија, да ги започнеме релевантните преговори со Македонија и Албанија“, кажа Мицотакис.

    Грчкиот премиер рече дека ако навистина постои свет пред и по 24 февруари (почетокот на руската инвазија на Украина), ова мора да биде земено предвид кога се размислува во однос на тоа колку ЕУ сака да биде отворена за да им понуди кандидатски статус на Украина и Молдавија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира