УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО БИТОЛА ОДИ КАЈ ПРИВАТНИК, РАСПРАВИЈА КАДЕ ЌЕ ЗАВРШАТ 450.000 ЕВРА ЗАШТЕДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО БИТОЛА ОДИ КАЈ ПРИВАТНИК, РАСПРАВИЈА КАДЕ ЌЕ ЗАВРШАТ 450.000 ЕВРА ЗАШТЕДА

    Општина Битола одржувањето на уличното осветлување ќе и го даде на приватна фирма. Во тек е изготвување на тендерска документација, за што се крена голема прашина.  Бизнисот со одржување на уличното оветлување приватникот ќе го добие на 15 години, а ќе биде обврзан да постави економични светилки со што ќе се заштеди електрична енергија за 60 проценти.

    Засега нема најави дека ова ќе повлече намалување на  ставката со која годишно од општинскиот буџет се извдојуваа  околу 60 милиони денари пари собрани од граѓаните за одржувње на осветлувањето.

    Извештајот  од тендерската документација деновиве ќе биде разгледан на седница на општинскиот Совет каде се очекува жестока расправа. Советнициите од опозицијата веќе бараат поништување на тендерот обвинувајќи дека заштедата ќе заврши во приватни џебови.

    „Треба да се даде осветлувањето на 15 години, сумата што од општината ќе ја добива фирмата е фиксна за сите години, а во тендерската документација е наведено дека трошоците за штедливи светилки и ред друга опрема треба да бидат намалени дури за половина. Тоа значи дека ем ќе се намалат давачките за трошење на електрична енергија, ем тие пари кои ќе се заштедат ќе завршат во приватни џебови“, рече советникот Горан Козаров од СДСМ.

    Од општината одговорија со писмено соопштение во кое велат дека се работи за јавно приватно партнерство со високи економски ефекти, со кое градот ќе добие квалитетно осветлување по европски стандари, а опозицијата ја обвинија дека лаже. Од општината потврдија дека приватникот ќе го одржува осветлувањето 15 години и ќе прави заштеда од 60 проценти електрична енергија. Од таму појаснуваат дека со овој договор општината годишно ќе заштедува по 450.000 евра, но не посочуваат за што би биле искористени тие пари.

    Досега одржувањето на уличното осветлување беше во рацете на општината, која користеше фирми изведувачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира