УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ ЌЕ НАПРАВИ ВОНРЕДЕН НАДЗОР ВО СТРУШКИОТ ЗАТВОР ВО ВРСКА СО МИЈАЛКОВ

    УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ ЌЕ НАПРАВИ ВОНРЕДЕН НАДЗОР ВО СТРУШКИОТ ЗАТВОР ВО ВРСКА СО МИЈАЛКОВУтринава во Основниот кривичен суд Скопје не стигна комбето за спровод од струшкиот затвор со обвинетиот Сашо Мијалков. (Фото: СДК.МК)

    Управата за извршување санкции ќе направи вонреден надзор во затворот во Струга откако денеска осудениот Сашо Мијалков не беше спроведен на повтореното судење за предметот „Титаник 2“, соопштија од институцијата под чија што надлежност се затворите. Оттаму додаваат дека ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни.

    „Во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот ‘Титаник 2’ ве информираме дека Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности кои се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор во установата за утврдување на фактичката состојба..Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни“, соопшти Управата за извршување санкции.

    Утринава во Основниот кривичен суд Скопје не стигна комбето за спровод од струшкиот затвор со обвинетиот Сашо Мијалков, иако судот тврди дека била испратена покана за денешното продолжение на судскиот процес „Титаник 2“, за злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија.

    „Има уредна покана од судот за денешното рочиште. Зошто не дојде обвинетиот Мијалков, не знаеме, тоа допрва ќе се истражува“, ни рекоа од Кривичниот суд.

    Судот има повратница од затворот во Струга дека таму стасала судската покана за Мијалков кој треба да е таму на издржување на тригодишната затворска казна по признанието на вина во предметот „Империја“.

    Во март или април, на Мијалков му застарува делото во „Титаник 2“. Тој ќе биде ослободен од кривично гонење.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира