УПРАВЕН СУД РЕШАВА ЗА ОСПОРЕНИОТ ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УПРАВЕН СУД РЕШАВА ЗА ОСПОРЕНИОТ ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД

    Тужбата на експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова против начинот како е оценета, против вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд и против тоа што Судскиот совет не ѝ ги зел предвид трудовите објавени во странски списанија со меѓународен импакт фактор, е примена во петокот и е веќе распоредена кај управен судија, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателката на Управниот суд Јетмире Ајдини Бошњаку.

    Се работи за тужба и предлог за времена мерка стопирање на постапката за избор на претседател на највисокиот суд. За тужбата нема рок кога да одлучи Управниот суд, но за времената мерка за стопирање на постапката за избор на претседател, управниот судија има рок од 7 дена да донесе одлука. Ако одлучи да ја стопира постапката за избор, тогаш, како што рече денеска претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, Судскиот совет ќе ја почитува одлуката на Управниот суд.

    Судскиот совет на денешната седница отвори постапка за разрешување на двајца судии од Основниот суд Скопје 1, едниот од кривичниот, другиот од одделот за прекршоци. За жал, рече Караџовски, опцијата на Судскиот совет, според законот и според Уставот, е или разрешување, или отфрлање на предлогот. Ако Советот утврди некакво несовесно и нестручно работење кај судија, нема опција за поблага казна, како опомена, укор, прераспоредување во друг суд, туку мора тој судија директно да се разреши.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира