УШКОВСКИ ОД ВТОРНИК НЕМА ПРАВО НИ НА ПЛАТА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:304:"УштееденправенвакуумсораспуштањетонаСобраниетоедеканесеизбранаследникнапретседателотнаСудскиотсоветБранкоУшковски,чијмандатистекувавовторник";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УШКОВСКИ ОД ВТОРНИК НЕМА ПРАВО НИ НА ПЛАТА

    Шестгодишниот мандат како член на Судскиот совет на Бранко Ушковски, кој од лани е и претседател на Советот, му истекува во вторник. Тој не е судија и е избран од Собранието, како „истакнат правник“. Собранието се распушти без да избере негов наследник на собраниското столче во Судскиот совет, со што се создаде правен вакуум за неговиот случај.

    “Без разлика што не е разрешен навреме и што Собранието намерно ја остави ситуацијата со него ваква каква што е, Ушковски од вторник натаму нема веќе мандат во Судскиот совет, неговото членство таму завршува, нема право на глас, што значи треба да се изземе при одлучувањето, нема веќе право ни на плата. Тој не смее да тера седма година како член на Судскиот совет избран од Собранието еднократно“, велат пензионирани судии, на кои веднаш штом им престанал судискиот мандат, во случајов со исполнување на услови за старосна пензија, не смееле повеќе да одат на работа, а камо ли да судат и да носат какви било одлуки.

    Во случајов со Ушковски има правен вакуум, бидејќи никаде не постои одредба која регулира што се случува во услови кога Собранието, органот што го избрал членот на Судскиот совет, се распушта пред истекот на мандатот на тој негов избраник, а притоа Собранието не избрало нов член во Советот.

    “Бидејќи навистина никаде не е регулирана оваа ситуација со изборот и престанување на мандатот на членовите на Судскиот совет што ги бира Парламентот, во случај кога тој се распушта непосредно пред истекот на мандатот на членот што го избрал во Советот, треба да се постапи по аналогија со престанокот на мандатот на судиите. Бидејќи, секое останување на Ушковски, а не дај боже и одлучување во Судскиот совет, е противзаконско“, сметаат пензионираните судии.

    Судскиот совет една година не работи практично ништо. Само ги оценува судиите за квантитетот во работата, пребројува колку предмети завршиле и дали исполниле норма. Претставките од граѓани што стигаат поради незадоволство од работата на судиите и од начинот на водењето на судските постапки, како и сомневањата за пристрасност, зависност и корупција при судењето од одредени судии, Судскиот совет само ги складира и не постапува по нив. Советот за утврдување на факти, кој требаше да ги разгледува овие претставки, не почна да функционира. Судскиот совет речиси и да не врши избор на судии, бидејќи според забелешките на Рајнхард Прибе, Македонија и онака има вишок судии по глава на жител, во однос на европскиот просек.

    Венециската комисија даде негативни критики за телото кое требаше да предлага судии за разрешување (Советот за утврдување на факти), а експретседателот на МАНУ Владо Камбовски и претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова го нарекоа “антитело“. Врховниот суд до Министерството за правда, и до експертите од Европската комисија кои ги помагаат судските реформи во Македонија, веќе има поднесено предлог за преполовување на бројот на членовите во Судскиот совет, поради преголем број и неекономичност во работењето, за враќање на судиите од Судскиот совет на своите работни места и тие да се состануваат само кога ќе има потреба да заседава Судскиот совет, за што ќе добиваат хонорар. Се предлага политички избраните членови на Судскиот совет, како тие што ги бира Собранието, да се укинат како неоправдан трошок за и онака малиот Судски буџет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира