Уште 33 лица се позитивни на сојот омикрон на коронавирусот, а кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектиран флурон, што е комбинација од двата вируса ковид-19 и грип, соопшти Министерството за здравство.
Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи на 56 примероци позитивни на ковид-19, од кои 33 се позитивни на омикрон , што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани.