Нови 175 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 971 тестирања, соопшти Министерството за здравство, а регистрирани се уште пет починати лица како резултат на компликации од новиот коронавирус.
Тројца од починатите се од Скопје, еден пациент е од Гостивар и еден од Прилеп.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент на 72 годишна возраст.
Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа четворица – пациентка (60 години) примена на 5 јуни, пациент ( 64 години) примен на 8 јуни и пациент ( 59 години) примен на 8 јуни и пациент ( 72 години) примен на 30 мај.
Од новозаразените најмногу се регистрирани во Скопје 131. Следат Куманово со 24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.
Оздравени се 18 пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, а со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 3.538, оздравени пациенти се 1.682, починати се 169, а активни случаи има 1.687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје 1592, активни 960
Куманово 597, активни 179
Дебар 53, активни 2
Штип 227, активни 187
Прилеп 222, активни 27
Тетово 317, активни 147
Струга 111, активни 36
Велес 149, активни 29
Битола 30, активни 3
Охрид 46, активни 29
Кавадарци 6, активни 1
Гостивар 54, активни 31
Гевгелија 6, активни 2
Струмица 7, активни 4
Крива Паланка 7, активни 1
Радовиш 4, активни 0
Крушево 3, активни 0
Кочани 53, активни 22
Пробиштип 11, активни 9
Демир Хисар 1, активни 0
Македонски Брод 2, активни 0
Пехчево 3, активни 0
Берово 2, активни 1
Валандово 3, активни 2
Виница 3, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 3, активни 1
Свети Николе 5, активни 4
Кичево 3, активни 1
Ресен 1, активни 1
Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со ПЦР метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера:
Чаир-209
Бутел-76
Аеродром-75
Гази Баба-75
Центар-73
Карпош-72
Сарај-64
Кисела Вода-43
Ѓорче Петров-35
Шуто Оризари-26
Студеничани-24
Арачиново-24
Илинден-19
Петровец-6
Чучер Сандево-4
Сопиште-2
Странец-2