По компликации од коронавирус во изминатите 24 часа починаa 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга, објави Министерството за здравство во петок, 24 јули. Во последните 24 часа се направени 1,535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 .
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 67 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починаа тројца пациенти на возраст 65,66 и 85 години, во болницата во Струга пациентка на 84 години. Вон болнички услови е починат 58-годишен пациент.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје-45, Куманово-7, Дебар-1, Штип-25, Прилеп-4, Тетово-9, Струга-5, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-9, Кочани-3, Демир Хисар -1, Делчево-1, Свети Николе-3 и Кичево-6.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 позитивни деца.
Во „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Штип-16, Прилеп-1, Тетово-12, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-6, Виница-1.
Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4511, активни 1918
• Куманово 952, активни 257
• Дебар 180, активни 115
• Штип 702, активни 358
• Прилеп 318, активни 54
• Тетово 976, активни 284
• Струга 401, активни 193
• Велес 209, активни 23
• Битола 104, активни 52
• Охрид 258, активни 107
• Кавадарци 33, активни 17
• Гостивар 346, активни 220
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 21
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 27, активни 22
• Крушево 15, активни 10
• Кочани 93, активни 23
• Пробиштип 46, активни 27
• Демир Хисар 21, активни 19
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 0
• Делчево 2, активни 1 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 210, активни 195
• Кичево 114, активни 90
• Ресен 142, активни 53
• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 9.797, од кои оздравени се 5.254, починаа 451, а активни случаи се 4.092.
Направените 1.535 теста се преку: ИЈЗ-661, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-158, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори)-214, Систина со ПЦР метода -150, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-8.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 271
• Аеродром – 207
• Бутел – 139
• Гази Баба – 202
• Центар – 164
• Карпош – 172
• Сарај – 112
• Кисела Вода – 176
• Ѓорче Петров – 125
• Студеничани – 105
• Шуто Оризари – 109
• Арачиново – 34
• Илинден – 25
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 22
• Зелениково- 13
• Странец – 7
• Нераспределен- 4