УШТЕ 7 ЗАБОЛЕНИ ПРИПАДНИЦИ НА МВР, ПОТВРДЕНИ СЕ ВКУПНО 12 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    УШТЕ 7 ЗАБОЛЕНИ ПРИПАДНИЦИ НА МВР, ПОТВРДЕНИ СЕ ВКУПНО 12 ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Педесет полицајци кои биле во контакт главно со заразени колеги, се ставени во изолација. (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 12 полицајци се заразени со коронавирус, но има и 50 кои биле во контакт со заразени колеги и тие не одат на работа.

    „До денеска (06.04.2020) потврдени се 12 случаи на вработени во МВР позитивни на Ковид 19. Други 36 лица се во самоизолација, а издадени се и 14 наредби за изолација на лица“, вели Министерството.

    На 30 март беше утврдено дека двајца полицајци од мобилната сообраќајна полиција од полициската станица Петровец се позитивни на тестовите за коронавирус.

    МВР соопшти дека за заштита на вработените од коронавирусот се преземаат сите неопходни мерки за нивна лична заштита, со соодветна заштитна опрема, за безбедно извршување на работните задачи. Изминатиот период била извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица, за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај.

    „Исто така, според протоколите предвидени за вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за изолација и изјави за самоизолација“, вели МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира