Земјотрес од 5 степени по европската макросеизмичка скала се почувствува во Охрид во 13.18 часот. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 12 километри североисточно од Охрид, на 5 километри од Косел и на длабочина од 10 километри.
Силниот земјотрес се почувствува низ целата земја до Скопје и во Албанија. Претходно утринава околу 4 часот Охрид го погоди уште еден земјотрес со јачина од 3,7 степени. Епицентарот бил на 6 километри источно од Охрид, во Косел, на длабочина од 6 километри. Вчера во Охрид беше почувстван земотрес со јачина од 4 степени. Изминатите неколку недели во охридскиот регион се регистрирани над 800 земјотреси.