УШТЕ НЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЦЕЛОСНО УКИНУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ, А ВО ДРЖАВИТЕ КАДЕ ТОА СЕ СЛУЧИ НАГЛО РАСТАТ БРОЈКИТЕ НА ЗАБОЛЕНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ САЛИ

    УШТЕ НЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЦЕЛОСНО УКИНУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ, А ВО ДРЖАВИТЕ КАДЕ ТОА СЕ СЛУЧИ НАГЛО РАСТАТ БРОЈКИТЕ НА ЗАБОЛЕНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ САЛИ„Од серолошката анализа се покажа дека бројот на имунизираност кај невакцинирани, а прележани е 76 проценти, па сме на граница меѓу жолтата и зелена линија и тоа не ни дава гаранција за да ги укинеме мерките“, вели министерот Сали. (Фото: СДК.МК)

    Ние посакуваме уште утре да ги олесниме рестриктивните мерки за ковид-19, но сметаме дека уште не сме подготвени за тоа, рече министерот за здравство Беким Сали. Тој додаде дека во другите европски држави каде беа укинати мерките, а имаат висок процент на имунизација, нагло се бележи зголемување на новозаболени.

    „Според новата методологија што се применува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, а не врз поединците, еден од индикаторите е број на хоспитализирани пациенти, според тоа не сме спремни за намалување на мерките“, рече министерот.

    Сепак, епидемиолошката состојба е подобрена, па ковид- центрите кои беа отворени низ клиниките се затворени. Со ковид пациенти работат само Инфективната клиника и ГОБ „8. Септември“ во Скопје, во болниците од внатрешноста само инфективните одделенија.

    Кампањата за вакцинација преку СМС пораки продолжува и за 60 проценти се зголемила динамиката за имунизација. Исто така продолжува и серолошкото тестирање кај населението.

    „Сепак си дадовме за себе задача уште две-три недели да ја следиме општата состојба и кај нас и во регионот што се случува, посебно откако во земјите каде беа укинати мерките расте бројот на новоинфицирани“, рече Сали.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира