УШТЕ НЕПОЧНАТА РАСПРАВAТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА ПАУЗА ОД ЕДЕН ЧАС

    УШТЕ НЕПОЧНАТА РАСПРАВAТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ, ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРА ПАУЗА ОД ЕДЕН ЧАССпикерот Џафери даде еден час пауза, откако пратеничката Ласовска не сакаше да ја напушти говорницата. - Пратениците ја напуштаат пленарната сала (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска побара пауза од еден час веднаш по започнување на собраниската седница на која што се расправа за предлог законот за употреба на јазиците.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери првично го одби барањето за пауза, со образложение дека немаат право на пауза, но пратениците на опозицијата бурно реагираа на одлуката на Џафери.

    Координаторот на една од пратеничките  групи на ВМРО-ДПМНЕ Ласовска на спикерот Џафери му врати дека го крши Деловникот.

    „Не фрлајте оган, да не се повтори  ситуацијата од вчера. Не ја кршете процедурата, според Деловникот имам право да побарам пауза“, рече Ласкова.

    Претседателот Џафери не го прифати нејзиното барање и ја побара листата на пријавени пратеници за збор. Пратеничката Ласовска не сакаше да се симне од говорницата, по што Џафери сепак реши да даде пауза од еден час.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира