УШТЕ ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ОБИДАМ ДА ПРОРАБОТИ СОБРАНИЕТО, ПОРАЧА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИ

    УШТЕ ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ОБИДАМ ДА ПРОРАБОТИ СОБРАНИЕТО, ПОРАЧА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИНовиот собраниски спикер Талат Џафери го уверил заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји дека ќе биде претседател на сите пратеници на нивната денешна средба во Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери ја заврши прва официјална средба на оваа функција, со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји, по која најави дека уште од утре ќе се обиде да се стави во функција на нормално работење на Собранието.

    „Ова е моја прва средба со официјален претставник од странство. Со господинот Хојт Ји разменивме повеќе мислења во функција на стабилноста на државата и што поскоро ставање во функција на Собранието по настаните што се случија на 27 април. Вискокиот американски претставник уште еднаш ја повтори поддршката што ја даваат САД за мојот избор за претседател на Собранието Јас го уверив дека ќе бидам претседател на сите пратеници во овој законодавен дом, без оглед на нивната политичка припадност и без оглед на тоа како се изјасниле за мене и дали гласале за или против мојот избор“, рече собранискиот спикер Џафери по средбата со Хојт Ји во Собранието.

    На повредените пратеници, граѓани и новинари, тој им посака побрзо да закрепнат и да продолжат нормалните текови во парламентот и во државата.

    Хојт Ји не даде изјава, туку продолжи на средба со лидерот на сдсм Зоран Заев, исто така, во просториите на Собранието.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира