УШТЕ ПЕТМИНА УАПСЕНИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА НА 27 АПРИЛ

    УШТЕ ПЕТМИНА УАПСЕНИ ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА ЗИЈАДИН СЕЛА НА 27 АПРИЛЛидерот на Алијанса за Албанците завчера освои најмногу гласови од кандидатите за градоначалник на Општина Струга. - Зијадин Села (Фото: Фејсбук)

    Основното јавно обвинителство Скопје вели дека е проширена истрагата за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на нападот во Собранието на 27 април и по барање на надлежен јавен обвинител петмина осомничени се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот ќе бидат преземани дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица, додаваат од ОЈО.​

    „Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште 5 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик“, соопшти ОЈО утринава.

    На 10 мај, МВР ги приведе лицата К.Ѓ. (39) и Ц.Ѓ. (68), кои се татко и син, за кои полицијата утврдила дека физички го нападнале и го влечеле лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. Исто така, по наредба на судија на претходна постапка, полицијата тогаш извршила претрес на домот на К.Ѓ. при што „биле пронајдени и подигнати патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони, кои со потврда за привремено одземени предмети му се одземени“. На двајцата им беше одреден притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира