УШТЕ ТРОЈЦА АНТИКОРУПЦИОНЕРИ СИ ПОДНЕСОА ОСТАВКА, ДВАЈЦА ОСТАНАА ДА СЕ МИСЛАТ

    УШТЕ ТРОЈЦА АНТИКОРУПЦИОНЕРИ СИ ПОДНЕСОА ОСТАВКА, ДВАЈЦА ОСТАНАА ДА СЕ МИСЛАТOставки до Собранието денес доставиле уште тројца членови Жаклина Дамчевска, Сејди Халили и Фадие Алиу. - Од седница на Антикорупциска (Фото: СДК.МК)

    Покрај претседателот на Антикорупциската комисија Игор Тантуровски и Горан Миленков, првиот член што се повлече, денес оставки до Собранието доставиле уште тројца членови Жаклина Дамчевска, Сејди Халили и Фадие Алиу.

    Уште се мислат дали да поднесат оставка преостанатите двајца членови, Сузана Таскова Аџикотарова и Најдо Спасевски, велат извори од Антикорупциска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Оставките на членовите на Антикорупциска доаѓаат по серијата текстови кои мината недела ги објави САКАМДАКАЖАМ.МК за неправилности во работата односно ненаменско трошење на буџетски средства.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира