УСТАВЕН СУД ГИ УКИНА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ОДАТ НА ИЗБОРИ СО 1.000 ПОТПИСИ ОД ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    УСТАВЕН СУД ГИ УКИНА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ОДАТ НА ИЗБОРИ СО 1.000 ПОТПИСИ ОД ИЗБОРНА ЕДИНИЦАСо измените поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ и со премолчана поддршка од сите останати, се зголеми прагот на потребните потписи за учество на изборите на 1% од бројот на гласачи во изборна единица. (Фото: СДК.МК)

    Уставниот суд на денешната седница ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот на потребни потписи за независните кандидати и листи да учествуваат на избори, место со 1.000 потписи од конкретна изборна единица, на 1 процент од вкушно запишаните избирачи во изборната единица. Со одлука на Уставен суд независните листи и кандидати за да се кандидираат на избори повторно ќе треба да соберат 1.000 потписи како и на сите досегашни избори.

    На 7 март 2024, политичките партии по скратена постапка ги усвоија измените на Изборниот законик. Со измените поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ и со премолчана поддршка од сите останати, се зголеми прагот на потребните потписи за учество на изборите.

    Овие законски измени беа оспорени пред Уставен суд, а на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка. Измените значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица. Со тоа, на пример во Изборната единица 1, наместо досега потребните 1.000 потписи, на независните ќе им требаа 3.372 потписа за да поднесат независна листа. За независна листа на кандидати за членови на Совет, односно листа на кандидат за градоначалник на Град Скопје, ќе беа потребни 4.674 потписи.

    Во предлог-рефератот судијата-известител изрази сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. Исто така, постои сомнеж дека е нарушен политичкиот плурализам како темелна вредност на уставниот поредок уреден со членот 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.

    На Локалните избори 2021, независни кандидати добија место во дури 33 општини или 41% од сите општини во Македонија и Град Скопје.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА И ОВА – ПОДКАСТ СО ГАБРИЕЛА ИЛИЕВСКА ОД НЕЗАВИСНАТА ЛИСТА „ПОИНАКУ“ ВО БИТОЛА

    ФРЛЕТЕ ПОГЛЕД И НА НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира