УСТАВНИОТ СУД ДА ГИ ПОНИШТИ ЗАКОНСКИТЕ ЧЛЕНОВИ СО КОИ ОПЕРАТОРИТЕ ЧУВААТ КОМУНИКАЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ, БАРА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР

    УСТАВНИОТ СУД ДА ГИ ПОНИШТИ ЗАКОНСКИТЕ ЧЛЕНОВИ СО КОИ ОПЕРАТОРИТЕ ЧУВААТ КОМУНИКАЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ, БАРА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОРНевладините бараат Владата да објави целосна информација за работната група која веќе работи на реформа на безбедносниот систем и да вклучи експерти од невладиниот сектор.- Професорите Гордан Калајџиев и Трпе Стојановски (Фото:Г. Трпеноски)

    Неколку невладини организации поднесоа барање за поведување постапка за оценка на уставноста на неколку члена  од Законот за електронски комуникации до Уставниот суд.

    Со иницијативата се бара Уставниот суд да иницира и поништување на три дополнителни членови од Законот за електронски комуникации со кои што се обврзуваат телекомуникациските оператори масовно и неселективно да задржуваат податоци за комуникациите на сите граѓани, што е во спротивност со принципите на заштита на личните податоци и приватноста на граѓаните.

    Барањето  на невладините е дополнување на веќе поднесената иницијатива за преиспитување на уставноста на еден член од Законот за електронски комуникации.

    Професорот по кривично право Гордан Калајџиев, смета дека ветувањето на владата и изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека нема веќе нелегално прислушување не е доволно за да се врати довербата кај граѓаните дека  и сега не се прислушува.

    „Имаме ветување дека треба да се реши. Нема транспарентност до каде е реформата и кој работи на таа реформа. Само слушаме што планираат. Не сакаме да  ни биде сервиран предлогот во последен момент. Затоа бараме да се вклучи и експерти од невладиниот сектор“, рече  професорот Калајџиев.

    За невладините дискутабилно е мислењето на владата Уставнот суд да ја запре постапката за преиспитување на дел од Законот за електронски комуникации.

    „Владата бара од Уставниот суд да ја запре постапката за преиспитување на уставноста на членот 175 затоа што според Владата иницијативата била парцијална и не приоѓа на оваа тема сеопфатно и пресретнува еден процес во поодмината постапка“, стои во соопштението за јавност на невладините организации  Евротинк-Центар за европски стратегии, Хелсиншкиот Комитет, Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ, Аналитика тинк-тенк ,Форум за истражување на безбедносните политики „Секуритас“.

    Невладините бараат владата да објави целосна информација за работната група која веќе работи на реформа на безбедносниот систем и да вклучи експерти од невладиниот сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира