УСВОЕН ЗАКОНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДДВ НА ГРАЃАНИТЕ

    УСВОЕН ЗАКОНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДДВ НА ГРАЃАНИТЕСпоред законското решение, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15% од ДДВ. - Заменичката министерка за финансии Ширете Елези и министерката за труд и социјала Мила Царовска на собраниската седница за владината реконструкција (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието доцна вечерва го усвои Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. 65 пратеници гласаа „за“, а немаше ниту „против“, ниту „воздржани“. Законот ќе почне да важи од 1 јули.

    Според законското решение, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15% од ДДВ искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.

    Целта на законот, според владата, основна причина за донесување на овој закон е намалувањето на даночната евазија.

    Поради тоа, кака што кажа заменичката министерка за финансии Ширете Елези, се очекува и зголемување на регистрираниот промет преку фискални системи на опрема, како и зголемена наплата на даноците, односно намалување на даночната евазија од даночните обврзници.

    Во законот се пропишани и одредени ограничувања, односно ограничен е износот на ДДВ искажан во фискалните сметки од кој што може да се враќа дел, а ограничен е и највисокиот износ на поединечна фискална сметка за која може да се оствари правото на враќање на данокот на 30.000 денари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира