УТРЕ ЌЕ БИДАТ ПОГРЕБАНИ АНДРЕЈ ЃОРГИЕСКИ, ПЕЈАЧОТ НА „ДНК“, И САРА ПРОЈКОВСКА, ПРОФЕСОРКА НА ФМУ И ПРИДРУЖЕН ВОКАЛ НА ГРУПАТА

    УТРЕ ЌЕ БИДАТ ПОГРЕБАНИ АНДРЕЈ ЃОРГИЕСКИ, ПЕЈАЧОТ НА „ДНК“, И САРА ПРОЈКОВСКА, ПРОФЕСОРКА НА ФМУ И ПРИДРУЖЕН ВОКАЛ НА ГРУПАТААндреј Ѓоргиески ќе биде погребан утре од 10 часот на грибиштата во Бутел, а Сара Пројковска од 12 часот на гробиштата во Ново Лисиче (Фото: Фејсбук)

    Утре ќе бидат погребани Андреј Ѓоргиески, пејачот на дуото „ДНК“, и Сара Пројковска, професор по пијано на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на групата кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

    Факултетот за музичка уметност објави дека погребот на Пројковска ќе биде утре на гробиштата во скопско Лисиче.

    „Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот“, велат од ФМУ.

    Андреј Ѓоргиески ќе биде погребан од 10 часот на гробиштата во Бутел.

    Утре од 10.30 часот во ТЦ „Лептокарија“ во Скопје на местото наречено „Коцка“, ќе биде отворена книга на жалост за Андреј Ѓоргиески. Иницијативата ја покренаа школските другари на пејачот со кои учел во основно училиште, симболично на местото каде што излегувале кога биле основци.

    Погребот на загинатите лица од Кочани во пожарот ќе се одржи на утре. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кажа дека е преземно сè што е потребна за организирање на погребот. На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, Г. Г. Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира