УТРЕ ПОЧНУВА БЕСПЛАТНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОМАЛИ ПРИМАЊА, ЗА ОСТАНАТИТЕ ГРАЃАНИ Е 650 ДЕНАРИ

    УТРЕ ПОЧНУВА БЕСПЛАТНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОМАЛИ ПРИМАЊА, ЗА ОСТАНАТИТЕ ГРАЃАНИ Е 650 ДЕНАРИМинистерот за здравство Венко Филипче рече дека државата првпат набавува бесплатни вакцини за оваа категорија граѓани кои се најранливи. (Фото: МЗ)

    Во 14 центри за јавно здравје низ целата земја утре почнува вакцинацијата против сезонски грип. Бесплатните 28.000 дози од новата четиривалентна вакцина што ја набави Министерството за здравство, кои се наменети за граѓаните над 65-годишна возраст и кои се со помала пензија од просечната или се без пензија и тие ќе можат да ја примат откако претходно ќе појдат кај матичен лекар, кој треба да ги прегледа дали може да примат вакцина и да им закаже термин преку електронскиот систем за закажување МојТермин.

    Пензионерите, како доказ треба да донесат чек од пензија, а граѓаните без примања потврда од ПИОМ дека не примаат пензија. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека државата првпат набавува бесплатни вакцини за оваа категорија граѓани кои се најранливи. Тој кажа дека за останатите граѓани центрите за јавно здравје обезбедиле 13.000 вакцини за кои цената е 650 денари.

    На прашањето зошто бесплатни вакцини само за лицата над 65 години кои се без примања, а не и за граѓаните кои се неколку години под оваа старосна граница и се во лоши социјални услови, министерот Филипче кажа:

    „Со оваа набавка заштедивме 75.000 евра. Разговараме со производителот за овие заштедени средства да обезбедиме и дополнителни вакцини за останатите категории на граѓани, но неизвесно е дали ќе ги набавиме оти производителот однапред планира колкава количина ќе произведе“.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира