УВЕРЕНА СУМ ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ СО ГРЦИЈА ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ МОГЕРИНИ ВО СОБРАНИЕТО

    УВЕРЕНА СУМ ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ СО ГРЦИЈА ЗА ИМЕТО, РЕЧЕ МОГЕРИНИ ВО СОБРАНИЕТОВисоката претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини се обрати пред проретчен состав во Парламентот. Иако поканет, во пленарната сала го немаше претседателот на државата Ѓорге Иванов. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Време е да почнете да трчате заедно едни до други, заедно со вашите соседи, и ќе стигнете далеку, рече Федерика Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност пред пратениците во Собранието.

    „Импресивната работа не се должи само на чекорите во внатрешните реформи во земја туку и на билатералните прашања. Имајте го јасно пред себе патот што се трасираше, бидете горди на позитивната препорака и на тоа што се вративте на правиот пат. Не заборавајте како се гради единство по преживувањето на една длабока политичка криза. Денес овде во Скопје, гледам обединето мултиетничко општество со цел да биде дел од ЕУ, да бидат дел од силна земја која ќе биде дом за сите. Уверена сум дека разговорите со Грција ќе доведат до решение за двете страни“, рече Могерини во Собранието.

    Могерини се обрати пред проретчен состав во Парламентот, иако поканет, во пленарната сала го немаше претседателот на државата Ѓорге Иванов.

    Во собраниската галерија, говорот на Могерини го слушаа и претставници ан дипломатскиот кор.

    Високата претставничка на ЕУ Могерини за време на посетата забележала дека не се сака многу да се употребуваат метафори.

    „Не прифаќате користење многу метафори, но по средбата со претседателот на државата Ѓорге Иванов, гледам дека многу е раширена нејзината употреба“, рече Могерини

    Могерини го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието и го повтори повикот до власта и опозицијата да ги обединат силите и да работат заедно за спроведување на реформите.

    „Владата има одговорност да го отвори просторот за учество на опозицијата во креирањето политики, но и опозицијата има одговорност да се вклучи и да придонесува конструктивно во реформите“, кажа Могерини.

    Таа го повтори ставот дека по добивање на препораката, следно ниво е спроведување на реформите.

    „Следно ниво е спроведувањето на реформите. Во препораката има два магични збора: подобрување и продлабочување“, рече Могерини.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира