ВАКЦИНАТА ЗА КОРОНАВИРУС КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ЌЕ ЈА МЕНАЏИРА НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

    ВАКЦИНАТА ЗА КОРОНАВИРУС КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ЌЕ ЈА МЕНАЏИРА НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА ЗА ИМУНИЗАЦИЈАВладата ќе бара од пратениците да го изменат Законот за здравствена заштита, за да се формира едно вакво национално тело. - Од вакцинација за сезонски грип (Фото: СДК.МК)

    Ќе се формира Национална комисија за имунизација, која ќе ѝ предлага план на Владата како да се вакцинира населението, односно како да се изврши имунизацијата кога ќе дојде вакцината против коронавирусот.

    За оваа цел владата ќе бара од пратениците да го изменат Законот за здравствена заштита, за да се формира едно вакво национално тело.

    „На денешната седница е утврден и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, со цел да продолжат да важат одлуките донесени со Уредби со законска сила, како и заради формирање на Национална Комисија за имунизација. Таа ќе ја предлага Програмата за имунизација што ја донесува Владата со план и активности за координација на работата на сите субјекти вклучени во дистрибуција на вакцини и спроведување на имунизацијата”, соопшти Владата.

    Националната комисија за имунизација ќе ја следи вкупната состојба со имунизацијатa, нејзиниот опфат, квалитетот на вакцините и несаканите реакции од вакцините, ќе врши запознавање на здравствените работници и јавноста за потребата и предностите на имунизацијата, и ќе ја следи регулативата во областа на имунизацијата и нејзината имплементација, како и препораките на Светската здравствена организација.

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за време на неодамнешната расправа за измена на Законот за заштита од заразни болести, бараше национална комисија за заштита од заразни болести, а владејачкото мнозинство не прифати.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира