ВАКЦИНИРАНИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ЈА ПРИМАТ ВТОРАТА ДОЗА ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ВАКЦИНИРАНИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ЈА ПРИМАТ ВТОРАТА ДОЗА ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕДенеска во Белград и Ниш илјадници македонски граѓани се вакцинираа со „АстраЗенека“. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче вели дека македонските граѓани кои првата доза на вакцината ја примиле во Србија ќе имаат можност доколку така одлучат ревакцината да ја примаат во нашата земја. Тој додаде дека веќе се подготвува начин како овие граѓани да влезат во нашиот здравствен систем како вакцинирани против ковид-19.

    „Јас веќе утре ќе разговарам со српскиот колега Лончар да видиме дали може да ги добиеме податоците електронски за да ги вградиме во нашиот систем. Доколку не, ние веќе попладнево разговаравме да направиме еден модул на сегашниот сајт „вакцинација“ за тие граѓани да можат да се пријават. Граѓаните секако добиле термин за ревакцина, доколку некој не може да оди во Србија, доколку некој кој сака овде да продолжи, ние тоа ќе го испланираме во нашиот систем“, изјави Филипче во вечерашното гостување на ТВ Сител.

    Денеска во Белград и Ниш илјадници македонски граѓани се вакцинираа со „АстраЗенека“. За утре е најавено во Македонија да стигне пратка од 24.000 вакцини на „АстраЗенека“ од Ковакс системот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира