ВАЊА БИЛА ГРАБНАТА ВО ВЛЕЗОТ НА ЗГРАДАТА СО ВРЗАНИ РАЦЕ И НОЗЕ, СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ, ПА ВО ГЕПЕК

    ВАЊА БИЛА ГРАБНАТА ВО ВЛЕЗОТ НА ЗГРАДАТА СО ВРЗАНИ РАЦЕ И НОЗЕ, СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ, ПА ВО ГЕПЕКОбвинителот Гаврил Бубевски министерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција. (Фото: Ѓ. Личовски)

    14-годишната Вања Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата, ѝ биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе.

    Како што кажа Спасовски, Ѓорчевска е киднапирана со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Убиецот ја убил исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага по пријавата.

    Ѓорчевска на 27 ноември била киднапирана со возило „цитроен“, одземено до 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, убиен од истиот убиец. Цело време со „цитроенот“ се движело возило „Рено кангу“. Отишле надвор од Скопје, го извршиле убиството, го закопале девојчето во скопско Бразда и го запалиле „цитроенот“.

    Убиецот убиствата ги вршел пред два различни сведока, кажа Јавниот обвинител на Скопје Гаврил Бубевски. Убиецот потоа заминал со возило со адвокатот во Белград, а оттаму во Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира