ВАЖНО Е ДА СЕ ОДРЖАТ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ПА МАКАР И ДА ДОЦНАТ, ВЕЛИ ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДОРКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВАЖНО Е ДА СЕ ОДРЖАТ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ПА МАКАР И ДА ДОЦНАТ, ВЕЛИ ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДОРКА

     

    Амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Зутер Техада се надева дека парламентот набрзо ќе ги реши прашањата околу распишување на локалните избори, кои треба да се одржат годинава. Краен рок за распишување на локалните избори беше 5-ти март годинава, но избори не беа распишани, бидејќи парламентот сѐ уште не ја оддржа конститутивната седница, иако пратениците на декемвриските парламентарни избори ги верификуваа мандатите.

    “Се надевам дека парламентот овие прашања ќе ги реши многу брзо и се надевам дека наскоро ќе има избори, можеби малку подоцна отколку што беше планирано, но важно е да се одржат изборите“, рече амбасадорката Сибил Зутер Тахеда, пред почетокот на презентацијата на резултатите од десетгодишниот проект „Форуми во заедницата“, кој досега го финансираше владата на Швајцарија.

    Министерката за локална самоуправа Ширет Елези, на прашањето како ќе функционираат општините ако наскоро не се распишат локалните избори, рече дека за локалните избори не е надлежно Министерството за локална самоуправа, туку Министерството за правда и дека не сака да прејудицира кога ќе бидат распишани изборите и што ќе се случи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира