ВАЖНО Е ШТО ОГРОМНО МНОЗИНСТВО ОД ТИЕ ШТО ГЛАСАА ГО ПОДДРЖАА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН ГУТЕРЕШ

    ВАЖНО Е ШТО ОГРОМНО МНОЗИНСТВО ОД ТИЕ ШТО ГЛАСАА ГО ПОДДРЖАА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН ГУТЕРЕШГенералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика сите политички сили во земјата да продолжат со имплементација на Преспанскиот договор низ институциите на земјата. - Антонио Гутереш (Фото: ОН)

    Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика сите политички сили во земјата да продолжат со имплементација на Преспанскиот договор во институциите, бидејќи, како што кажа, важен е фактот што огромно мнозинство од тие што гласаа го поддржаа договорот.

    „Фактот што огромно мнозинство од тие што гласаа го поддржаа Преспанскиот договор е важен. Генералниот секретар ги повикува сите политички сили во земјата да продолжат со имплементација низ институциите на земјата. Генералниот секретар ја нагласува посветеноста на Обединетите нации да ја обезбеди потребната поддршка, ако е потребно“, се вели во изјавата на Гутереш за вчерашниот референдум во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира