ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ

    Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 декември, соопшти неговиот кабинетот.
    „Со овој чин, мандатот повторно му го враќаме на народот, кој е единствениот, врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава. Во меѓувреме, Република Македонија ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии, кој, искрено верувам, ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11 декември“, стои во соопштението.
    По потпишувањето Решението ќе биде доставено до Државната изборна комисија (ДИК). Се очекува ДИК попладнево да одржи седница на која ќе го утврди роковникот за спроведување на изборите.

    Денес МВР треба до ДИК да го достави Избирачкиот список.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира