ВЕЛЕШАНКАТА КОЈА ГО УБИ ПАРТНЕРОТ ЗА ДА СИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ ОБВИНЕТА ЗА УБИСТВО СО ПОБЛАГА КАЗНА

    ВЕЛЕШАНКАТА КОЈА ГО УБИ ПАРТНЕРОТ ЗА ДА СИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ ОБВИНЕТА ЗА УБИСТВО СО ПОБЛАГА КАЗНАСпоред Кривичниот закон,убиството како последица на семејно насилство од страна на убиениот, ќе се казни со затвор од една до пет години; - Куќата во која живееле во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Велешкото обвинителство поднесе обвинителен предлог против 23-годишната девојка од градот која го прободе со нож партнерот кој во алкохолизирана состојба ја нападна, ja тепаше и животот ѝ го донесе во опасност. Поради тоа, таа е обвинета за „Убиство на миг“. За разлика од класичното убиство каде пропишаната затворска казна е од 5 години до доживотна, во Убиство на миг, максималната е 5 години.

    Член 125 од Кривичниот законик вели: „Тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во
    состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот, ќе се казни со затвор од една до пет години“.

    Обвинетата на 29 септември 2021, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А. Р. со кого живеела во вонбрачна заедница.

    „Откако вратиле дома од гости, А. Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот“, го опиша и денеска Обвинителството случајот на ова тешко семејно насилство кое ја довело жртвата да си го спаси животот во мигот кога брутално била нападната и повредувана.

    Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетата, заедно со Обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор определена за обезбедување присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.​​

    Убиениот беше полицаец во СВР Велес, во два наврати е условно осуден за две кривични дела во велешкиот Основен суд, еднаш оти прегазил шестмина тинејџери и еднаш оти ја давел балдаската.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира