ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО ПОВИКА ЗАЕВ ДА РАБОТИ СО СОБРАНИЕТО НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО ПОВИКА ЗАЕВ ДА РАБОТИ СО СОБРАНИЕТО НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР„Велика Британија е горда што е долготраен пријател и партнер на Македонија и едвај го чекаме денот кога ќе бидеме сојузници во НАТО“, вели британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант. (Фото: Форин офис)

    Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант вели дека на вчерашниот референдум гласачите во Македонија јасно кажале дека сакаат да бидат дел од евроатлантската заедница и го повика премиерот Зоран Заев работи со Собранието за да се изгради консензус околу иднината на земјата. Во изјавата за референдумот, објавена од Форин офис, Хант кажа дека имплементацијата на Преспанскиот договор ќе биде добра за Македонија, но и за регионот.

    „Иако излезноста беше под очекувањата, овој референдум е позитивен чекор за Македонија. Гласачите во Македонија јасно ја искажаа желбата да бидат дел од евроатлантската заедница и го повикувам премиерот Зоран Заев и неговата влада да работат со Собранието за да изградат консензус околу иднината на земјата. Верувам дека имплементацијата на Преспанскиот договор ќе биде добра за Македонија и добра за регионот. Договорот нуди можност за поголема безбедност и просперитет и подобри можности за младите во Македонија. Договорот, исто така, ѝ овозможува на Македонија да служи како пример за регионот за тоа што може да се постигне со храброст, решителност и визија за иднината. Велика Британија е горда што е долготраен пријател и партнер на Македонија. Едвај го чекаме денот кога ќе бидеме сојузници во НАТО – вратата е уште отворена“, изјави Хант.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира