ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА Ѝ ПРЕПОРАЧА НА ВЛАСТА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ НЕЗАВИСНОСТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА И ДА НЕ ГИ МЕНУВА ПРЕДВРЕМЕ ЧЛЕНОВИТЕ

    ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА Ѝ ПРЕПОРАЧА НА ВЛАСТА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ НЕЗАВИСНОСТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА И ДА НЕ ГИ МЕНУВА ПРЕДВРЕМЕ ЧЛЕНОВИТЕПретседателот на Комисијата за заштита од дискриминација Александар Даштевски и останатите шест члена беа избрани во јануари 2016 година и имаат петгодишен мандат. (Фото: Фејсбук)

    Венециската комисија ѝ препорачува на власта да го коригира нацрт-законот за спречување и заштита од дискриминација со цел негово подобрување и усогласување со меѓународните и европските стандарди. Нацрт-законот за спречување и заштита од дискриминација го изработи Министерството за труд и социјална политика.

    Комисијата забележува дека во нацрт-законот нема доволно заштитни механизми со кои се обезбедува вистинска независност на Комисијата, особено за избор и разрешување на членовите на Комисијата. Комисијата бара да се преиспитаат одредбите за предвремено престанување на мандатот на членовите на Комисијата, бидејќи тие ја ограничувале независноста на Комисијата, како и да се тргне одредбата со која на Комисијата и се брише правото за поднесување жалба до Државниот управен инспекторат во случај Комисијата да не постапи во законскиот рок;

    Венециската комисија им препорачува на изработувачите на новиот нацрт-законот за спречување и заштита од дискриминација да го ревидираат и да ги вметнат нивните препораки.

    „Иако во работната група која го подготвуваше нацрт-законот учествуваа голем број на релевантни граѓански организации, Венециската комисија на власта и препорачува да организираат дополнителни консултации не само со невладини организации и меѓународната заедница туку и со маргинализираните групи и јавноста“, се вели во препораките на Венециската комисија за нацрт-законот за спречување и заштита од дискриминација.

    Комисијата за заштита од дискриминација е избрана во јануари 2016 година. Членови се: Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска – Георгиевска, Јован Ананиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу. Мандатот е пет години.

    Мила Царовска, министер за труд и социјална политика во август 2017 година побарала мислење од Венециската комисија за нацрт законот за спречување и заштита од дискриминација. Актуелниот закон е донесен во 2010 година, а има претрпено и три измени.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари