ВЕРИЖЕН СУДИР НА ПЕТ КОЛИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ВЕРИЖЕН СУДИР НА ПЕТ КОЛИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИВерижната сообраќајка се случи на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата. (Фото: СДК.МК)

    Пет автомобили во миг се удрија на улицата 11 Октомври во центарот на Скопје, кај поранешен ЗОИЛ.

    Верижната сообраќајка се случи на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата.

    Се слушнаа 4 секавични удари, се дигна бела прашина од воздушни перничиња. Сите излегоа од удрените автомобили, стојат во редица фатени за глава.

    Нема повредени, се чека да дојде полиција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира