ВЕРУВАЈТЕ ВО ЕУ, НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ПОДЕЛИМЕ СЕГА КОГА БЕСНЕЕ РУСКАТА АГРЕСИЈА ВО УКРАИНА, ИМ СЕ ОБРАТИ АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА ЕДШТАДЛЕР НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ

    ВЕРУВАЈТЕ ВО ЕУ, НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ПОДЕЛИМЕ СЕГА КОГА БЕСНЕЕ РУСКАТА АГРЕСИЈА ВО УКРАИНА, ИМ СЕ ОБРАТИ АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА ЕДШТАДЛЕР НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИСојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија Каролине Едштадлер. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Австриската сојузна министерка за ЕУ Каролине Едштадлер денеска во Скопје кажа дека е разбирливо што кај македонските граѓани владее разочараност и депримираност поради блокадата на евроинтеграциите со нови преговори и билатерални барања, но смета дека не смее да се изгуби вербата во ЕУ, затоа што нема друга алтернатива.

    Министерката Едштадлер, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, рече дека не смеат да се дозволат нови поделби во ЕУ и земјите од Западен Балкан, среде војната во Украина и побара од македонската граѓани да веруваат во Европската унија.

    „Кај населението има разочарување, мораме да говориме за тоа дека има разочараност, депримираност дека повторно има рунди преговори, билатерални барања, и тоа врзува многу капацитети. Ова разочарување сакаме да го прекинеме со поддршка за нашите партнери Бугарија, Северна Македонија и Албанија овие проблеми да бидат решени со надеж нешто навистина да се случи за време на француското претседателство и на граѓаните да им се даде чувство дека Европа не само говори и разговара, туку и дека е тука. Две години минуваат, а има застој во процесот и тој мора да биде прекинат. Сакам да им порачам на македонските граѓани, верувајте и понатаму во ЕУ, ние ќе се заложиме да не се поделиме, особено во ситуацијата кога руската агресивна војна во Украина беснее. Тоа не смееме да го дозволиме и затоа оваа можност ќе ја искористиме и тука сакам јасно да кажам дека ЕУ не е комплетна без земјите од Западен Балкан, особено Република Северна Македонија“, кажа Едштадлер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира