ВЕШТАКОТ НЕ ДОБИЛ ДОЗВОЛА ОД „ТРАНСМЕТ“ ДА НАПРАВИ УВИД НА МЕХАНИЗАЦИЈАТА ЗА СУДЕЊЕТО НА СЕАД КОЧАН

    ВЕШТАКОТ НЕ ДОБИЛ ДОЗВОЛА ОД „ТРАНСМЕТ“ ДА НАПРАВИ УВИД НА МЕХАНИЗАЦИЈАТА ЗА СУДЕЊЕТО НА СЕАД КОЧАНБизнисменот Сеад Кочан, првообвинет во „Труст“, утринава пристигна во Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    На вештакот кој по барање на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Труст“ требало да направи увид на механизацијата употребувана за ископ на јаглен и јаловина не му било дозволено да влезе во компанијата на обвинетиот Сеад Кочан, „Трансмет“.

    На денешното судско рочиште, вештакот, кој сведочеше, рече дека доставил писмено барање до „Трансмет“, но на тоа не му било одговорено.

    „Бидејќи не ми беше дозволено да влезам во ‘Трансмет’ да направам увид на машините, извештајот го правев врз основа на документацијата од СЈО, како и преку имејл комуникација со производителот”, рече вештакот.

    Тој пред судот даде објаснување за двете машини дробилки кои што се употребувале за ископите.

    Во предметот „Труст“ се работи за фалсификување на документација за добивање тендер од ЕЛЕМ тежок 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина. Покрај Кочан, обвинети се поранешниот управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, сопственик на “Вато Дооел Студеничани”.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира