ВЕСТИТЕ ДА СЕ ПРОВЕРАТ ПРЕД ДА СЕ СПОДЕЛАТ, АПЕЛИРА ТАРАВАРИ

    ВЕСТИТЕ ДА СЕ ПРОВЕРАТ ПРЕД ДА СЕ СПОДЕЛАТ, АПЕЛИРА ТАРАВАРИМинистерството за здравство апелира да не се споделуваат лажни вести, бидејќи во областа на здравството може да предизвикаат непоправлива штета. (Фото: Министерство за здравство)

    Министерството за здравство на своите профили на социјалните мрежи објави апел до граѓаните со порака „Провери па сподели“.

    „Почитувани, сите сме свесни за негативните последици од ширење лажни вести, посебно во областа на здравството. Апелираме да ја проверите веродостојноста на веста пред да ја споделите“, стои во објавата на Министерството за здравство на Фејсбук.

    Од кабинетот на министерот за здравство Арбен Таравари велат дека во интерес на објективно информирање Министерството постојано е отворено за комуникација, како со новинарите, така и со граѓаните.

    „Потенцираме дека изнесувањето непроверени информации и лажни вести од областа на здравството е исклучително неконструктивно и може да предизвика непоправлива штета. Затоа, уште еднаш потсетуваме дека стоиме на располагање за изнесување точни информации и за соработка со медиумите“, велат од кабинетот на Таравари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира