„ВИП“ ПРОМОВИРАШЕ ИНТЕРАКТИВНА ТЕЛЕВИЗИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ВИП“ ПРОМОВИРАШЕ ИНТЕРАКТИВНА ТЕЛЕВИЗИЈА

    Бесплатна интерактивна телевизија дури и за најниските тарифи од денес овозможува операторот „Вип“ за корисници кои ќе изберат „Вип комбо“ тарифни модели. Промотивно, за корисниците на интерактивните услуги на „Вип“ има и три месеци бесплaтен пристап до услугата Видеотека, која содржи филмови на студиото „Дизни“ и популарни ТВ серии.

    „Со ова, ‘Вип’ го крева нивото на своите услуги за корисниците кои ќе уживаат на начинот на кој сакаат, преку супериорната платформа со добар графички интерфејс“, изјави извршниот директор на „оне.Вип“ Димитар Ковачевски.

    Според „Вип“, со оваа новина ќе може телевизиската содржина да се снима на мрежа и таму ќе биде достапна 20 дена, по што може врз неа да се сними друга содржина.
    „Ова се месеци на ‘Вип’ и секој месец ќе нудиме нешто ново. Со воведувањето на услугата интерактивна телевизија, ‘Вип’ оди чекор понапред во обезбедувањето напредни технологии за корисниците на пакетите ‘Комбо’ и можност самите да раководат со програмата која се емитува на достапните ТВ канали“, вели Ковачевски.

    Новите корисници и корисниците кои ќе го обноват својот договор на ‘Вип комбо’, добиваат бесплатно нов дигитален ресивер, кој ќе ги овозможи сите функционалности на интерактивната телевизија. Оваа услуга засега е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш и Велес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира