ВИСАР ГАНИУ ОД ДУИ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПСКАТА ОПШТИНА ЧАИР

    ВИСАР ГАНИУ ОД ДУИ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПСКАТА ОПШТИНА ЧАИРНа повторениот втор изборен круг на едно избирачко место во Чаир, Ганиу добил 169, а Зеќирија Ибрахими, кандидат на Движењето Беса доби 98 гласови. (Фото: СДК.МК)

    Висар Ганиу, кандидат на ДУИ, е новиот градоначалник на скопската Општина Чаир. На повторениот втор изборен круг на едно избирачко место во Чаир, Ганиу добил 169, а Зеќирија Ибрахими, кандидат на Движењето Беса доби 98 гласови, а 5 се неважечки. Според првичните неофицијални резултати, кандидатот на ДУИ Висар Ганиу доби вкупно 13.987, а Зеќирија Ибрахими 13.641 гласови.

    Движењето Беса по затворањето на гласачкото место, на прес-конференција обвини дека една од партиите на власт вршела притисок врз граѓани да не одат на гласање.

    Зеќирија Ибрахими му ја честиташе победата во скопската Општина Чаир на СДСМ.
    „Сакам да му ја честитам победата во Чаир на СДСМ. Ова е украдена победа и ако тие ја признаваат како таква ние им ја честитаме. Им благодарам на граѓаните кои излегоа на гласање и покрај многу притисоци и изнудувања“, рече Ибрахими.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира