„ВИЗ ЕР“ НАЈАВИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ЗА ТОРИНО И БОЛОЊА ОД ДЕКЕМВРИ

    „ВИЗ ЕР“ НАЈАВИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ЗА ТОРИНО И БОЛОЊА ОД ДЕКЕМВРИ„Виз ер“ ќе распредели и петти авион во базата во Скопје. (Фото: Виз ер)

    Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ од декември ќе воведе четири нови линии од Македонија. Од Скопскиот аеродром ќе има летови до италијанските градови Торино и Болоња, како и до Билунд во Данска, а од Охрид ќе се лета до Фридрихсхафен, Германија. Како што соопшти компанијата, картите се веќе во продажба.

    „Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од Скопскиот и Охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации. Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на петтиот авион на ‘Виз ер’ во базата во Скопје“, велат од авиокомпанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира