Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ од први април почна да лета од Скопје до австрискиот град Салцбург. Летови ќе има три пати во неделата односно во понеделник, среда и петок.
Линијата на „Виз ер“ до Салцбург е субвенционирана од Владата. Авиокомпанијата од државата ќе добива 7 евра по патник во заминување од Меѓународен аеродром Скопје.
„Оваа нова рута ќе ја подобри поврзаноста меѓу Македонија и Австрија. Со започнувањето на оваа авиолинија ‘Виз ер“ ја покажува својата посветеност на проширување на својата мрежа, поврзувајќи ги патниците со возбудливи дестинации, притоа давајќи приоритет на поволните цени во комбинација со висококвалитетната услуга во авионот“, велат од компанијата.